25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube може да се претвори во класична социјална мрежа

YouTube може да се претвори во класична социјална мрежа

you 3

Иако сите социјални мрежи активно вложуваат во видеото како суштински дел од својата иднина, „YouTube“ гледа кон текстовите и сликите. Според онлајн изданието „Venture Beat“ видеопорталот може да се претвори во класична социјална мрежа, во обид да ги задржи корисниците.

Конкуренцијата од страна на „Facebook“, „Snapchat“, „Twitter“ и останатите социјални мрежи е многу силна и во „YouTube“ не се сигурни дека видеото ќе е доволно за да се бори со нив. Затоа порталот ја развива функцијата „Backstage“.

Таа ќе им овозможи на сопствениците на видеоканали споделување со корисниците и текстови, слики, дури анкети и друг тип на содржина. Публикациите ќе се гледаат како во каналите, така и во протокот на информации на нивните претплатници. Ова ќе ги направи публикациите видливи од многу голем број на луѓе. Се разбира, видеото ќе остане на прво место, а останатата содржина ќе биде дополнителна.

Плановите на „YouTube“ се да ја пушти првата пробна верзија на „Backstage“ уште во текот на есента. Ограничената верзија на функцијата ќе биде достапна само за избрани канали, а таа ќе биде видлива како од компјутери, така и преку мобилните уреди.

Откако ќе ги завршат тестовите, „YouTube“ ќе доработи „Backstage“ и ќе ја пушти за сите видеоканали. Корисниците исто така ќе имаат можност да одговараат на публикациите. Коментарите на корисниците пак постепено ќе почнат поддржуваат вградување на слики и видео содржини. Засега „Google“ одбива да даде коментар на оваа тема, со образложение дека не коментира гласини и шпекулации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП