25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСбербанк речиси тројно го зголеми профитот во вториот квартал

Сбербанк речиси тројно го зголеми профитот во вториот квартал

sber3

Руската банка „Сбербанк“ речиси тројно го зголеми профитот во вториот квартал поради падот на лошите кредити и откако руската економија покажува знаци за излез од најдолгата рецесија од пред две децении, пишува „Bloomberg“.

Нето добивката забележа раст до 145 милијарди рубљи (2,2 милијарди долари) од 54,2 милијарди рубљи пред една година. Тоа е квартален рекорд и е над очекуваниот просек од 126 милијарди рубљи од осумте анкетирани аналитичари од агенцијата.

Во последната година акциите на руската банка ја интензивираа вредноста, а профитот се движи кон нивоа невидени од 2014-та година – пред падот на цените на нафтата и санкциите поради Украина кои ја втурнаа економијата на Русија во рецесија.

Залихи за лоши кредити спаѓаат за 18% на годишно ниво до 96,5 милијарди рубљи, додека уделот на надзорни заеми е намален до 4,9 отсто од 5,2% во првиот квартал.

Нето каматниот приход се зголемува до 339 милијарди рубљи од 227 милијарди рубљи. Враќањето на капиталот бележи раст до 22,8% во однос на 10,3%, колку што беше до 30-ти јуни 2015-та година.

Оперативните трошоци пораснаа за 15% до 169 милијарди рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП