19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтоВАЗ откри дури 6 концептни модели (фото)

АвтоВАЗ откри дури 6 концептни модели (фото)

vaz 00

Дури 6 концептуални модели покажа рускиот производител „АвтоВАЗ“ на стартот на меѓународниот автомобилски саем во Москва. Компанијата го искористи саемот, за да ги демонстрира најновите случувања – како во областа на дизајнот, така и во технологијата.

Очекувано најголем е интересот за прототипот „Lada XCODE“ во кој компанијата го покажува новиот дизајнерски стил. За моделот е познато само дека ќе има турбо-мотор и систем за погон на четири тркала, како и нова трансмисија.

vaz 01

Во руската престолнина се прикажани и два спортски прототипа развиени од спортската поделба на „Lada“. Првиот е „X Ray Sport Concept“. Тој се одликува со намален клиренс, ревидирана решетка на ладилникот, како и дополнителните акценти на каросеријата. Возилото е опремено со специјални сопирачки механизми, како и со нов вид тркала.

vaz 02

Другиот спортски модел е „Lada Vesta Sport“. Тој добил дизајнерските и технички решенија од тркачкиот седан „Vesta“, кој учествува во светскиот шампионат за туристички автомобили „WTCC“. Како „Vesta Sport Concept“, така и „X Ray Sport Concept“, се опремени со 1.8-литарски бензински мотор. Во стандардната варијанта тој развива 122 КС, но за двата прототипа моќноста му е зголемена на 150 КС.

vaz 03

Моделот „Lada X Ray“ е претставен и во теренска варијанта со додаток „Cross“, за кој веќе е познато дека ќе излезе на рускиот пазар во 2018-та година, а концептот има зголемен клиренс – над 200 мм, како и дополнителни заштитни елементи на каросеријата. Тој исто така е опремен со 4х4 систем, кој е позајмен од кросоверот „Renault Duster“.

vaz 04

„АвтоВАЗ“ покажа и уште една верзија на „Vesta“, која го добила името „Cross Concept“. Таа се разликува од стандардниот седан по зголеменото растојание од тлото, а исто така е опремена со заштитни делови на каросеријата. Од „АвтоВАЗ“ не објавија со каков мотор е опремен овој автомобил.

vaz 05

На автосаемот во Москва дебитираше и нов систем за поврзување, која ќе се нуди кај идните модели на „АвтоВАЗ“. Тој работи на принципот на специјално создадена апликација за смартфони, преку кој може да се ракува со најважните функции на автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП