25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКараванот на слободата со музика, поезија, визуелна уметност и дебата во Тетово

Караванот на слободата со музика, поезија, визуелна уметност и дебата во Тетово

tetovo karavan 333

Во петок, 26-ти август 2016-та, Караванот на слободата ќе одржи голем мултимедијален настан на Градскиот плоштад во Тетово.

Настаните ќе започнат на пладне, а ќе вклучуваат концерт на Мухамед Ибраими, К’пурдат, Бени и Нон Стоп и Пеце Суперхикс, поетски перформанси на Гент Мемети, Садије Алити, Маријана Гугоски и Небојша Стојаноски, уметничка работилница на отворено предводена од академскиот сликар Мирослав Стојановиќ и уметниците Славчо Максимовски и Јакуп Амети, јавна дебата на која ќе учествуваат граѓанскиот активист Артан Садику, новинарката Кристина Озимец и музичарот Петар Младеновски (Суперхикс), како и многу други содржини.

Караванот на слободата е организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, и ќе патува низ целата земја во текот на летово, нудејќи повеќе видови музички и уметнички настани, како и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП