29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini ќе го дуплира годишното производството на возила до 2019-та

Lamborghini ќе го дуплира годишното производството на возила до 2019-та

lambi33

Луксузниот производител на автомобили „Lamborghini“ очекува да го зголеми најмалку два пати производството до 7.000 возила годишно во 2019-та година, откако претстави нов автомобил, соопштува „Ројтерс“.

Главниот извршен директор на „Lamborghini“, Стефано Доменикали изјави за агенцијата дека компанијата планира да произведува годишно 3.500 од суперавтомобилот, додавајќи дека сепак фокусот на спортски автомобили ќе биде зачуван.

Италијанскиот производител на автомобили е дел од групата „Volkswagen“.

Доменикали, кој беше назначен за извршен директор во февруари, истакна дека производителот планира да ја прошири дилерската мрежа во светот со околу 20% до 160, наспроти сегашните 132. Околу 30% од застапништвата и продажбата на компанијата е во САД – најголемиот пазар на овој производител. Тој продаде рекордни 3.245 автомобили во светот во 2015-та година, вклучувајќи малку над 1.000 во САД.

„Lamborghini“ отвори 500 нови работни места и двојно ја зголеми големината на својата фабрика во Сант’Агата Болонезе во Италија, како дел од инвестиција во вредност од стотици милиони евра, објавена во 2015-та година.

Новиот автомобил ќе биде пуштен во продажба во 2018-та година при почетна цена од 200.000 долари.

Доменикали истакна дека сака да го одржува обемот на брендот ограничен. Компанијата го претстави својот модел „Centenario Roadster“ во Калифорнија и истакна дека веќе се продадени 20-те роудстери при почетна цена од 2 милиони евра пред оданочување.

До 2020-та година „Lamborghini“ планира да лансира „plug-in“ електричен хибрид, како и возило со нулта емисија на штетни гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП