24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМаска од сливи совршена за лицето

Маска од сливи совршена за лицето

maska

На кожата во текот на летниот период и е потребна ревитализација, бидејќи сонцето ја суши, а кремите за сончање ја прават поподложна на акни.

Наместо овој проблем да го решавате со скапи препарати, зошто да не направите маска од сезонското овошје? Пазарите во моментов се богати со сливи, а тие се извор на витамини А, Ц, Б, Е, калиум, железо, магнезиуум, цинк, фолна киселина, ниацин…

Киселината од ова овошје го зголемува нивото на колаген во кожата, бидејќи делува како пилинг. Поради високата содржина на вода ја хидрира, а аскорбинската киселина спречува појава на акни. Витаминот Е ја подобрува еластичноста и ги ублажува порите.

Маската се прави брзо и лесно се нанесува. Добро измијте три поголеми сливи, исчистете ги од семката и испасирајте ги. Ставете ја смесата на исчистено лице, кое претходно неколку минути сте го пареле над врел чај и оставете ја маската да делува 20 минути.

Измијте го лицето со млака вода и ставете крема за лице. Ефектот е посилен доколку на сливите им додадете лажица мед. Маската ставајте ја два пати неделно и кожата ќе ви биде посвежа, почиста и посјајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП