20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Колкав процент од населението во светот има пристап до...

График на денот: Колкав процент од населението во светот има пристап до интернет

idel 33

Пред 25 години, на 23-ти август 1991-ва година, британски компјутерски специјалист ја направи светската мрежа „World Wide Web“ отворена за јавноста. Тим Бернерс-Ли, кој тогаш работел за Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN), најверојатно дури и не претставувал какво влијание ќе имаат неговите активности врз светот во следните две и пол децении, коментира „Statista“.

Во чест на оваа пресвртница во историјата на интернетот, 23-ти август стана познат катo „Internaut Day“ (комбинација од зборовите интернет и астронаут).

Дури 25 години подоцна, сепак „World Wide Web“ никако не е толку широко распространета мрежа, како што сугерира името нејзино. Според последните проценки на Меѓународната унија за телекомуникации – Агенцијата на ОН за информатички и комуникациски технологии, само 47 од 100 граѓани во светот денес користат интернет.

Иако пристапот до интернет во региони како Северна Америка и Европа стана основна потреба, слично на струјата и водата, луѓето во помалку развиените региони често немаат пристап до она што денес најверојатно се претвори во најважниот извор на информации.

idel 34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП