29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките планираат да направат свој биткоин

Банките планираат да направат свој биткоин

186360384057bde10ca9dee361159072_w640

Четири големи светски банки решија да ги здружат силите со цел да изградат нов стандард кој би ги забрзал трансакциите.

Дигиталните криптовалути би можеле да станат иднината на парите – изгледа дека банките дури сега полека ја прифаќаат таа реалност.

Сега овие четири банкарски гиганти го покренаа проектот со цел да направат сопствена криптовалута, врз основа на “blockchain” технологијта, како и биткоинот.

Швајцарскиот UBS, германската Deutsche Bank, британскиот Santander и американската Bank of New York ги здружија силите и сметаат дека новата криптовалута ќе ја стартуваат веќе на почетокот на 2018 година.

Со новата валута значително би се забрзал протокот на пари меѓу банките, а и заштедите би биле значајни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП