19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСанкциите без особено влијание на работењето на Газпром

Санкциите без особено влијание на работењето на Газпром

газпром

Западните санкции не влијаат во позначителна мера на работењето на Газпром, соопшти рускиот енергетски концерн по седницата на Советот на директорите на која било разгледувано влијанието на санкциите врз групацијата во текот на 2015 и 2016 година.

Во соопштението на Газпром се истакнува дека на санкциите било реагирано правовремено и оперативно, како и дека тие нема да имаат значајно влијание врз неговото работење, вклучително и продолжувањето на постојните и склучувањето на новите договори со странски партнери за снабдување со природен гас, а тие немаат ниту критично влијание и врз моменталното работење.

Се додава дека Газпром строго го ограничува купувањето на опремата, работите и услугите од странство, како и дека се свртува кон снабдувачи од царинската унија, азиско-пацифичкиот регион и земјите од БРИКС.

Со цел што повеќе да се супституира увозот, Газпром се свртува и кон домашните снабдувачи, велат од компанијата. Притоа упатуваат дека се во тек активности за склучување долгорочни договори со руските производители, како што се произведувачот на цевководи СМК и металопреработувачката компанија ОМК. ТМК на Газпром би требало да му испорачува бешевни цевки со антикорозивна заштита, а ОМК специјални вентили за работа при високи температури.

Компанијата наведува дека спроведува ефикасна финансиска политика благодарејќи на која ја одржува финансиската стабилност, и има постојан пристап до меѓународните пазари на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП