20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGlencore забележа 66% пад на профитот во првите 6 месеци

Glencore забележа 66% пад на профитот во првите 6 месеци

glencor3

Рударската компанија и трговец на суровини, Glencore управувана од милијардерот Иван Глазенберг, забележа пад на профитот од 66% во првото полугодие поради пониски цени на суровините, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката без еднократните ефекти во шесте месеци до 30-ти јуни е намалена до 300 милиони долари, наспроти 882 милиони долари во минатата година, соопшти компанијата со седиште во Баар, Швајцарија.

Компанијата објави на својата веб-страницата дека просечната оценка на 16 аналитичари анкетирани од „Vuma Consensus“, беше за 318 милиони долари. Нето долгот е намален до 23,6 милијарди долари.

Падот на цените на суровините и на акциите на „Glencore“, минатата година ја принуди компанијата да ја претстави стратегијата за спасување која вклучува намалување на дивидендата, продажба на акции за 2,5 милијарди долари, продажба на средствата и намалување на трошоците.

Оваа година акциите поскапеа двојно, откако Глазенберг постепено ги постигнува целите на планот, создаден да намали речиси половина заемите до 16,5 милијарди долари до крајот на годината. Претходно во текот на денот „Glencore“ објави зделка од 670 милиони долари за продажба на идниот принос од австралискиот рудник за злато и бакар.

Рударскиот сектор се уште е во режим на продажба на средства, се уште се обидува да воспостави сметководствена рамнотежа“, вели Колин Хамилтон, аналитичар во „Macquarie Group“ во Лондон, во интервју во средата за „Bloomberg Television“. „Би рекол дека тие вложуваат многу повеќе напор за да ги надминеме сметководствените салда, отколку останатите колеги“.

Акциите на „Glencore“ ја затворија седницата во вторникот во Лондон со зголемување од 3% до 189,8 пени за готово, а пазарната капитализација на компанијата е околу 36 милијарди долари. Таа е третата најдобро претставена компанија за оваа година во главниот индекс во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП