24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСледната година пристигнуваат три нови модели на iPhone

Следната година пристигнуваат три нови модели на iPhone

iphone_6_curved

„Apple“ планира да лансира три нови модели „iPhone“ во текот на следната година, соопшти јапонскиот весник „Nikkei Asian Review“.

Весникот се повикува на неименуван извор, според кого постои веројатност производната линија смартфоните на „Apple“ за 2017-та година да вклучува модел со двојно заоблен дисплеј каков можеме да забележиме при последните топ модели на големиот ривал на компанијата „Samsung“. Во публикацијата се вели дека предметниот телефон ќе има големина на екран од 5.5 или повеќе инчи.

Другите два модела ќе ги поседуваат стандардните рамни екрани, додава изворот. Тоа можеби значи дека оваа година „Apple“ ќе пушти во продажба само два нови модели – од кои едниот се очекува да биде опремен со камера со две леќи, вели истиот извор.

Извитканиот дисплеј е карактеристичен за искористување на се поголемата популарност на моделите на „Samsung“ од серијата „Galaxy Edge“. Постигнувањето на облиците по рабовите на екранот е можно благодарение на флексибилноста на „OLED“ панели, главен производител на нив е токму „Samsung“.

Дејвид Сиех – висок директор во компанијата за пазарни истражувања „IHS DisplaySearch“ сподели мислење за „Nikkei Asian Review“ дека јужнокорејската компанија ќе биде единствениот снабдувач на „OLED“ панели за „Apple“ во текот на следната година. Тој, сепак, изрази сомневање дека „Samsung“ ќе успее да произведе доволно панели за да ги задоволи истовремено своите потреби и оние на американската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП