20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпрогрес Виница со нова линија за производство на Винчини наполитанки и вафли,...

Макпрогрес Виница со нова линија за производство на Винчини наполитанки и вафли, инвестиција вредна 1,5 милиони евра

mp

Деновиве реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес Виница заврши со монтажа и подготовка за пуштање во употреба нова линија за производство на наполитанки и вафли од брендот Винчини, инвестиција вредна 1,5 милиони евра. Инвестиција која обезбедува нови 30 вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес го потврдува својот епитетит на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 50 држави во светот.  Макпрогрес е еден од двигателите на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, вистински пример за останатите дека дури и во услови на криза може да се остварува амбициозна цел – до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.

mak

Токму интересот и побарувачката за овие вкусни производи на Винчини надвор од границите на Македонија, беа мотив за компанијата да го прошири производството и да инвестира во нова технологија. Брендот Винчини на Макпрогрес застапува богата палета на производи од наполитанки и вафли со различни, неодоливи вкусови на какао, млеко и лешник. Дел од наполитанките се направени по рецепт за посен десерт, што е одличен избор за посно заблажување.

makp

Успехот на компанијата значи успешна приказна и за семејствата во Кочани, Виница и многу други градови од Источна Македонија бидејќи и да нема семејство во овој регион кое нема барем еден вработен во Макпрогрес. Со новата инвестиија компанијата очекува да ја достигне бројката од близу 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија.

Несомнено, Макпрогрес со брендот Винчинни е своевиден пионер – амбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП