28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBuzzFeed го подели бизнисот на две

BuzzFeed го подели бизнисот на две

buzzfeed333

Онлајн медиумот „BuzzFeed“ ќе го подели бизнисот во две нови единици, кои ќе се фокусираат на вестите и забава, објави извршниот директор Џон Перети во писмо до вработените, цитирано од „Ројтерс“.

Создавањето на двете единици – „BuzzFeed News“ и „BuzzFeed Entertainment Group“ – се случува во момент во кој онлајн медиумите се обидуваат да постигнат баланс меѓу покривањето на вестите и политиката и понудата на полесна содржина.

„BuzzFeed“ ќе интегрира дел од тимовите, како оние за видео и здравствени вести во „BuzzFeed News“, а кое ќе се управува од главниот уредник на „BuzzFeed“, Бен Смит.

„Во оваа нова структура видеото нема да биде задача само на еден оддел. Да имаме една видео единица во 2016-та година има толку смисла, како да имаме мобилен единица“, коментира Перети.

„BuzzFeed Entertainment Group“ ќе се зафати со сите рекреативни вести и ќе биде раководен од претседателот на „BuzzFeed Motion Pictures“, Зи Френк, кој ќе стане претседател на „BuzzFeed Entertainment“.

Според зборовите на Перети, целта на компанијата е да се организира така работата, за да се искористи големиот број формати и технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП