23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид за периодот Јануари - Јуни 2016 година оствари...

ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид за периодот Јануари – Јуни 2016 година оствари негативен финансиски резултат

bellevue

ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид за периодот Јануари – Јуни 2016 година оствари негативен финансиски резултат искажани во неревидираниот биланс на успех.

Друштвото во првата половина на 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештеи.

Приходите од работењето на ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид   за периодот Јануари – Јуни  2016 година изнесуваат 43.393 илјади денари и покажува намалување од 17,5 % во однос на приходите за овај период 2015 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 43.127 илјади денари. Останатите приходи во износ од 266 илјади денари бележат благ пад во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат зголемување во однос на истите во првиот семестар од 2015.

ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид  во првиот семестар на 2016 година оствари негативен финансиски резултат остварувајќи загуба од 9.487 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 50.011 илјади денари, бележат намалување од 8,78% во однос на расходите за овај период во 2015 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 43,2% имаат трошоците за вработените во износ од 21.618 илјади денари, кои бележат пораст од 1,9%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 14.961 илјади денари имаат учество од околу 30% во вкупните расходи, односно се намалени за 25% во однос на иститот период минатата година. Останатите трошоци бележат намалување во однос на истите од претходната година. Финансиските расходи бележат зголемување во однос на истите во претходната година.

Вкупните обврски по кредите на  ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид претставуваат 25,2% од капиталот и резервите.

Имајќи го во предвид сезонскиот карактер на работењето досегашната реализација на деловната 2016 година на ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид   е со мали отстапувања од рамките на планираните активности.

Во наредното тромесечие од 2016 година Менаџментот на Друштвото ќе се залага да го подобри работењето и соодветно да се справи со ризиците кои ги носи деловното окружување и да ги исполни проектираните активности за деловната 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП