16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците за патувања во светот растат побрзо од глобалната економија

Трошоците за патувања во светот растат побрзо од глобалната економија

patuvanja 333

Светските трошоци за патувања продолжуваат да растат, иако со побавно темпо, и покрај слабеењето на економиите и стравувањата од терористички напади.

Светскиот совет за патување и туризам (WTTC), кој обединува стотина од најголемите компании во оваа индустрија, посочува во извештајот дека светските трошоци за патувања за 2016-та година се очекува да се зголемат за 3,1 проценти.

Во март прогнозата беше за раст на показателот од 3,3 отсто, надминувајќи го темпото на глобалниот економски раст, кој според групата оваа година ќе биде 2,3 отсто.

Претседателот на организацијата Дејвид Скаусил наведува дека макроекономските проблеми се одразуваат посилно врз патувањата отколку срамот поврзани со тероризмот.

Тој истакна дека туристите кои стравуваат за својата безбедност во Франција, се одлучија да ги посетат Шпанија или Италија.

Скаусил вели дека промените на патувањето до дестинациите каде имало напади насочени против туристите, обично трае две години, додека кај другите видови на напади овој процес трае помалку време.

Други организации во секторот исто така забележуваат забавување на трошоците за патувања.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) неодамна забележа дека иако повеќе луѓе патуваат со авион, нагорната тенденција „се забавила по јануари“ и процентот на резервации дури се намалува малку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП