18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната подморница Lovers Deep (фото)

Луксузната подморница Lovers Deep (фото)

pod1

Компанијата „Oliver’s Travels“ е позната по своите ексклузивни и уникатни патувања, а овој пат тие нудат нешто навистина прекрасно и уникатно…

Секако, синилото на морето и небото е прекрасно, особено ако сте на луксузна јахта. Но зошто не би отишле малку „подлабоко“ од тоа?

Доколку сте подготвени да потрошите 175.000 долари за една ноќ, можете да уживате во уникатен одмор, на „Lovers Deep“ луксузната подморница.

Оваа подморница е дизајнирана за совршено романтично патување, длабоко под површината на водата. Како почетна точка на патувањето препорачан е островот Св. Луциа, но можете да го одберете било кој остров на Карибите кој ви одговара.

Само резервирајте го својот термин и подготвени сте за ново животно искуство. Доколку мислите дека нема ништо поубаво од Карибите кога ги гледате од палубата на луксузната јахта, мораме да ви кажеме дека сте се излажале.

Длабочините на овие простори ги красат неверојатни видови на риби, јата од делфини и неверојатни корали кои само чекаат некој да ги открие.

pod2

pod3

pod4

pod5

pod6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП