19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram стигна до 1 милијарда инсталации на Android

Instagram стигна до 1 милијарда инсталации на Android

instagram-brands-640x0

„Instagram“ се приклучи на клубот на апликации со 1 милијарда инсталации на уреди со „Android“, соопштува интернет изданието „Android Police“. Ова е четвртата апликација на „Facebook“ која стигнува до 1 милијарда инсталации.

Постигнувањето на популарната платформа за споделување на слики е импресивно со оглед дека таа има околу 500 милиони корисници. Објаснувањето зошто има толку многу инсталации е лесно.

Многу корисници го инсталираат „Instagram“ на повеќе од еден уред. Освен тоа се бројат сите инсталации, без разлика дали тие се користат редовно. Најважно е апликацијата да не е избришана од уредот.

Сепак „Instagram“ станува вкупно 19-тата апликација која има над 1 милијарда инсталации. Таа е и четвртата на „Facebook“ по самата главна апликација на социјалната мрежа, „WhatsApp“ и „Messenger“. Останатите апликации со над милијарда инсталации се на „Google“, што е нормално со оглед дека во најголем дел тие се претходно инсталирани на повеќето уреди со „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП