24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралијците на коцка губат десетици милијарди долари

Австралијците на коцка губат десетици милијарди долари

masina333

Австралијците во текот на една година коцкајќи се и на спортско обложување загубиле 22,7 милијарди австралиски долари, или околу 17,5 милијарди американски долари, што е 30 отсто повеќе отколку претходната година, покажаа статистичките податоци.

Овие податоци покажуваат дека Австралијците загубиле 1.241 долар по глава на жител во периодот 2014/2015 година, при што покер машините уште се најголемата причина а загубите со 11,6 милијарди долари, што претставува зголемување од 4,9 отсто.

Забележливо е притоа енормно зголемување на спортското обложување, и во овој сектор е забележан раст од 30,1 отсто во посочените дванаесет месеци од фискалната година, со предвидувања дека овој раст ќе продолжи и во оваа фискална година. Сепак, спортското обложување е уште најмал сегмент на пазарот на игри на среќа во Австралија, во споредба со покер машините, обложувањето на коњичките трки и лотаријата.

Континуираниот рас на коцкарските загуби предизвика апели од сојузната и од федералните влади за сериозно пристапување кон проблемот со коцкањето во Австралија преку спортско обложување и рекламирањето на онлајн покер коцкањето.

Австралискиот парламентарец Ендрју Вилки изјави дека ова претставува голем проблем за владата и за општеството.

„Познавам семејства коишто не можат да ја платата станарината поради губењето на коцка и знам за долгови кои доведоа до губење животи. Сојузната влада мора да стори повеќе за да ја минимизира штетата, на пример максималниот законски влог да го ограничи на еден долар“, предложи пратеникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП