24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија подготвува нов модел на финансирање за „Северен тек 2“

Русија подготвува нов модел на финансирање за „Северен тек 2“

Production Facilities At OAO Gazprom Neft's Refinery

Рускиот гасен гигант Газпром и неговите партнери во проектот за гасоводот „Северен тек 2“ до крајот на годината ќе изберат нов модел на финансирање, а според генералниот директор Алексеј Милер, сите партнери потврдиле учество во проектот и нема никаква измена во распоредот, пренесува Танјуг.

„Газпром е единствениот кој е 100 процентно вклучен во овој проект, но имаме дијалог и со нашите европски партнери, со сите компании, за пронаоѓањето на нови модели за финансирање на проектот и неговата имплементација“, рекол Милер, додавајќи дека во моментот се разгледуваат неколку опции со тоа што до крајот на годината се очекува да се развие и нов модел на проектот.

Газпром и неговиот европски партнери минатата година до германските и полските антимонополски регулатори поднесоа барање за основање на мешовита компанија за реализација на „Северен тек 2“. Германија го прифати нивното барање, но полскиот регулатор упати примедби поради можното загрозување на конкуренцијата, и по ова компанијата го повлече барањето доставено до полските власти.

Гасоводот, чиј вкупен годишен капацитет треба да биде 55 милијарди кубни метри гас, двојно би ја зголемил количината на гас која од Русија директно се испорачува во Германија преку Балтичкото море, заобиколувајќи ја Украина како традиционална транзитна рута. Меѓутоа земјите на ЕУ се поделени во поглед на овој проект, балтичките и источноевропските држави, вклучувајќи ја и Полска, се противат на изградбата на овој гасовод, додека, пак, Германија го поддржува проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП