25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува нов тренд на раст на американскиот долар?

Започнува нов тренд на раст на американскиот долар?

usd

Американскиот долар во последниот месец ослабна во однос на сите поголеми светски валути. Причината за слабеењето беа економските податоци кои беа полоши отколку што се очекуваше, како што е раст на БДП од само 1,2% во вториот квартал, што е дупло помалку од предвидувањата.

На основа на лошите податоци, аналитичарите и инвеститорите на финансиските пазари заклучија дека веројатноста за раст на каматните стапки дополнително се намали и одлучија да го продаваат доларот и да инвестираат во други валути со цел да направат поголем профит.

Но реакцијата на лошите економски податоци можеби е претерана. Иако, американските податоци не се добри како што се очекуваше, но и понатаму се подобри отколку останатите развиени економии. Покрај тоа, каматните стапки во САД се веќе значително повисоки во однос на Европа и Јапонија, со што повеќе се исплати да се штеди во доларска валути или американски обврзници отколку во останатите земји.

Настаните кои би можеле да предизвикаат промена на трендот на движење на доларот најавен е за во четврток. Се работи за годишен економски симпозиум во американскиот град Џексон Хол, каде традиционално се собираат централните банкари, министрите за финансии и многу други важни луѓе од финансискиот сектор. На овогодинешниот симпозиум Џенет Јелен, челникот на Федералните резерви најверојатно ќе изрази оптимизам по прашањето за економската стабилност на САД во блиска иднина, а тоа би можело да го прекине песимизмот на учесниците на Форекс пазарот, на кој во моментов масовно се продава доларот.

Аналитичарите веруваат дека без оглед на тоа што ќе каже Џенет Јелен во четврток, во идните месеци може да се очекува раст на американската валута. Другите централни банки во развиените земји ги држат каматните стапки на негативна територија или најавуваат дополнителни намалувања поради лошата економска ситуација. Од друга страна, во САД иако ситуацијата не е сјајна, таа е значително подобра од остатокот развиен свет, што порано или подоцна ќе доведе до раст на каматните стапки, а со тоа ќе предизвика нов бран на масовно префрлање на капитал во САД, на основа на раст на доларот.

До крајот на годината американската валута би можела да зајача за неколку проценти во однос на еврото. Од јапонската централна банка најавуваат дополнително дека ќе го ослабат јенот, со што јапонската валута би паднала и до 5% во однос на доларот, а може да се очекува и ослабнување во однос на еврото. Британската фунта која моментално се наоѓа многу блиску до најниското ниво во однос на доларот во последните 30 години, до крајот на годината би можела да зајача во однос на валутите наведени погоре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП