29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците се повеќе бараат ЕУ пасош

Британците се повеќе бараат ЕУ пасош

eu pass333

Британците изгледа брзаат да го задржат слободниот пристап до Европската унија.

Агенција „Bloomberg“ се поврза со претставници на 16 амбасади и дипломатски претставништва во Лондон. Сите тие имаат забележано зголемување на бројот на кандидатите за пасоши или барања за државјанство во двата месеци по гласањето на Велика Британија за излез од ЕУ.

Посилната побарувачка значи дека Британците се обидуваат да обезбедат право за слободно патување и работа во ЕУ, со оглед на неизвесноста за идниот статус по „Brexit“, пишува „Bloomberg“.

„Гледаме силен скок како на побарувачката, така и на барањата. Во првите денови по референдумот информациите по телефон и преку е-мејл пораснаа до над 100 на ден“, вели Јохан Допш, аташе во Австриската амбасада.

Австрија предвиде речиси двојно зголемување на барањата за пасоши или лични карти во јули во однос на истиот месец од 2015-та година.

Неделно број на барања за државјанство во Шведската амбасада пораснале седум пати во периодот околу референдумот на 23-ти јуни, достигнувајќи врв од 150 во самата недела околу него пред приливот да се намали во текот на летото.

Полската амбасада обично добива во просек по 100 барања за државјанство во една година, но веќе имаат добиено 111 само во првата половина од 2016-та година. По референдумот таа добила речиси 600 барања за државјанство.

Конзуларниот оддел на Холандската амбасада добил 10 пати повеќе од вообичаениот број барања во првиот месец по британското гласање, иако потоа прашањата треба да се стабилизираат на ниво околу два пат над вообичаениот обем.

Ирска соопшти во август дека следи 17% зголемување на барањата за државјанство.

Финската амбасада предвиде зголемување на барањата за пасош со околу 100 парчиња во споредба со претходните лета.

На сајтот на германската амбасада пак е објавено предупредување дека се чека подолго поради „значителното зголемување“ на бројот на апликации.

Од португалскaтa амбасада велат дека има зголемување на барањата за португалско државјанство, но нема раст на реалните барања.

eu pass334

Претставници на дипломатските служби на Чешка, Хрватска и Грција, исто така потврдуваат зголемен интерес, како и од Словенија, Словачка и Латвија. Неколку источноевропски членки на ЕУ велат дека интересот е зголемен, откако претходно практично бил речиси нула, а многу од кандидатите барањето го засноваат на своето потекло од овие држави.

Унгарската конзуларна служба известува дека добила 220 барања поврзани со државјанство од страна на Британците по 23-ти јуни во однос на помалку од 10 во првата половина на годината.

Естонија предвиде „изразен“ раст на барањата за пасоши, а во Литванија има зголемување до 34 по референдумот, додека обично бројот е 1-2 месечно.

Со бугарската амбасада се поврзале 30 Британци, кои се заинтересирани за државјанство, што е зголемување во однос на поранешниот интерес.

Меган Бентон, виш аналитичар во Институтот за имиграциски политики во Вашингтон, коментира дека има две групи кандидати за државјанство на земја од ЕУ. Првата е за луѓето кои редовно ќе го искористат своето право на слободно движење во заедницата поради личните или службените причини.

Втората група е интересната – тоа се луѓето кои го сакаат богатството на европското државјанство, луѓе кои може и никогаш да не је активирале слобода на движење. Тие веројатно се чувствуваат измамени, не сакаат да загубат своите права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП