25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезервација на најочекуваниот паметен телефон - SamsungGalaxy S4

Резервација на најочекуваниот паметен телефон – SamsungGalaxy S4

SamsungGalaxyS411

По само еден месец од светската премиера на најпрестижниот и најочекуваниот паметен телефон SamsungGalaxy S4, корисниците на Вип добиваат одлична можност да станат едни од првите сопственици на ултра модерениот паметен телефон SamsungGalaxy S4 со едноставна резервација.

Корисниците кои од денес па до 30 април 2013 г. ќе посетат некој од Вип центрите ширум Македонија и ќе направат резервација, добиваат одлична можност да го купат телефонот веднаш по неговото пристигнувањето и да добијат подарок – оригинална Самсунг футрола.

За SamsungGalaxy S4

Овој паметен телефон кој работи на последната Android 4.2.2 Jelly Bean платформа располага со супер брз Quadcore процесор. Пет-инчниотFULL HD Super AMOLED екран,чувствителен на допир со резолуција од1.920 x1.080 пиксели може да сеуправувадури и со користење наракавици.Широк само 7,9 мм и тежок само 130 гр. Samsung Galaxy S4 е изработен од специјално поликарбонатно тело, што го прави најсофистицираниот GALAXYтелефон досега.Има батерија со моќност од 2,600mAh и простор за microSD картичка со дополнителнамеморија до 64GB.

Samsung Galaxy S4 има задна камера од 13 мегапиксели и предна од 2мегапиксели, и поседува уникатни опции заDualcamera и Drama shot, кои може да спојат разновидни фотографии во една динамична слика, колаж или албум на приказни. СоSound and shot опцијата секоја фотографија може да добие и свој сопствен звук.

Благодарение на Samsung Hub, овој паметен телефон нуди богатство од најразлични видеа, игри, музика – кои може да се споделат со соговорници или со друг SamsungGalaxy S4 и да се користи како звучник, но и за останати забавни и едукативни содржини.

ОпцијатаS Translatorовозможува говорен и писмен превод. ChatONопцијата овозможува видео повици и чет, како и споделување на содржините од екранот.

Она што е посебно важно кај новиот Samsung Galaxy S4 се одликите кои го редефинираат движењето на телефонот и раководењето со неговите функции. Благодарение на Smart Pause/Smart Scroll, телефонот го следи секое движење на корисникот и делува соодветно на него. Во зависност од тоа дали погледот е насочен во екранот или не, тој лизга нагоре или надолу, паузира или продолжува.

Со Air View/Air Gesture може да се одговори на повикот или да се извршува друга функција без допирање на екранот. Новиот Samsung Galaxy S4 доаѓа со посебен режим за возење – S VoiceDrive, кој прикажува поедноставен интерфејс со поголеми фонтови, со интуитивен приказ и можност за конвертирање текст во говор, а се активира со самото седнување во автомобил.

SamsungGalaxy S4 ќе биде достапен во продажната мрежа на Вип на почетокот на мај 2013 по цена од 9.999 денари во постпејд тарифата Vip Free+ No Limit +за склучен договор на 24 месеци.

За сите информации корисниците можат да се јават на 077 1234 или да ја посетат веб страната на Вип www.vip.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП