28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајбрзиот интернет доаѓа од Sony

Најбрзиот интернет доаѓа од Sony

sony-tablet-s

Лансиран е најбрзиот интернет сервис кој е базиран на оптички влакна кои достигнуваат брзина од 2Gbps што е воедно најбрза интернет врска во светот, а е дело на компанијата „So-net Entertainment“ зад која стои „Sony“.

Инаку сервисот кој е наречен „Nuro“ е достапен во домаќинствата и во малите компании во Токио и во шест околни префектури.

„Upload“ е нешто помал и изнесува 1Gbps, но тоа и натаму е многу повеќе од тоа што дома го користат повеќето луѓе во светот, но и на работните места.

За споредба, ултрабрзиот „Google Fiber“ интернет сервис нуди „само“ 1Gbps, а тоа е скоро 100-пати побрзо од просечната интернет брзина во светот.

Сервисот чини 51 долари со договор на две години и плус цената за инсталација која изнесува 535 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП