25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСпоред овие знаци време е да ја промените вашата банка!

Според овие знаци време е да ја промените вашата банка!

 

banka2222

Можеби е време да погледнете како вашата банка ги третира клиентите, односно вас. Постојат работи кои можеме или не можеме да ги толерираме. Некои од нив ни говорат дека можеби е крајно време да ја промениме банката.

Надокнади, такси

Банките им наплатуваат на клиентите надокнади за одредени производи и услуги кои ги користат или не ги користат. Некои можеби и не сте ги забележале. Ако имате високи (или неочекувани) трошоци на пр. за одржување на сметката, високи трансакциски надокнади, високи камати или такси… можеби е време да размислите за промена. Овие трошоци може брзо да се соберат и прикажат на вашата сметка. Можеби ќе можете да ги елиминирате ако разговарате со својот банкарски службеник за нив, но пристапете му вооружени со знаење каде би можеле да добиете подобра пнуда.

Достапност

Банкарските услуги траба да бидат скроени според вашите потреби. Всушност тоа се ваши пари кои би требало да ги користите кога и како ќе посакате. Во секој момент треба да имате пристап до своите пари. Тоа е една од најважните работи при изборот на банката. Ако сакате готовина за вас е важно да бидете сигурни дека можете да ги подигнете вашите пари во секој момент. Распоредот на банкомати и експозитури на банката е од пресудно значење при изборот на истата.

Ако сакате да ја следите вашата сметка без оглед каде се наоѓате за тоа ви е потребна функција како мобилното банкарство и онлајн трансакциите. Банката која ја избирате мора да ја поседува оваа можност, а притоа да не ја наплатува дополнително.

Служба за корисници

Некои банки изгледа не го ставаат на прво место односот со клиентите. Ако се чувствувате невидливо на шалтерите, невидливо пред референтите за кредити или претставниците од службата за корисници не ги сослушале адекватно и учтиво вашите проблеми, можеби е време да ја промените банката и да ја најдете онаа која ќе ви овозможи пријатно банкарско искуство. Исто така, проверете дали на располагање (24/7) ви стои SOS линија или онлајн советник.

Не го следи движењето на каматите

Сакате можност да заработите фер каматна стапка на своите штедни сметки. Не ја пропуштајте приликата парите кои веќе ги имате за вас да заработат дополнителни пари. Ако вашата банка не дава пристојни камати на штедењето, тоа можеби е уште една причина да рамислите за промена на банката.

Безбедност

Ако Агенцијата за осигурување на депозитите не ја обезбедува вашата банка, сметајте го тоа за црвено светло. Оваа организација е одговорна за осигурување на парите кои се наоѓаат во банката, вклучувајќи ги и заштедите. Важно е да се уверите дека вашите пари се на сигурно.

Промена на начинот на живеење

Ако неодама сте имале промена на вашите обврски на работа, работното време, или пак промена на брачната или финансиската состојба, здравјето… можеби ќе морате да ги разгледате новите банкарски можности. Кога вашите банкарски потреби се менуваат, тоа е одлично време повторно да процените дали вашата банка и понатака ги задоволува вашите потреби.

На пример, ако вашата банка нема најдобри каматни стапки за хипотекарните кредити, а вие планирате да купите стан оваа година, можеби треба да размислите да преминете во друга банка која нуди подобри поволности.

Ако се одлучите да направите промена, важно е да споредите повеќе банки и да ја пронајдете најдобрата понуда која не подразбира поголеми трошоци и има на располагање опции кои на вас во моментот ви се потребни. При преминувањето во друга банка задолжително затворете ги сите сметки и подмирете ги сите обврски кон претходната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП