18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИThe Verge: Galaxy Note 7 e најдобриот голем смартфон во светот (видео)

The Verge: Galaxy Note 7 e најдобриот голем смартфон во светот (видео)

nout399

Фаблет е името на смартфон кој со својата функционалност и големина потсетува на таблет, а судејќи според магазинот „The Verge“, најдобриот од сите нив е новиот „Samsung Galaxy Note 7“.

Иако е претставен на 2-ри август, првите корисници дури сега можат да ги споделат своите први впечатоци по користењето на новиот „Galaxy Note 7“, а ако може да се верува на рецензијата на „The Verge“ – пред нас е најдобрата комбинација меѓу смартфон и таблет која можете да ја купите.

„„Samsung“ со сигурност прави најдобри големи телефони, a „Note 7“ е досега најдобриот“, тврдат од „The Verge“ повикувајќи се на луѓе кои можат да си дозволат и веднаш да го добијат уредот.

Зошто? Како што тврди „The Verge“, тој е резултат на долгогодишно усовршување на дизајно и перформансите. Претходните генерации на „Note“ имаа не само добар дизајн туки и најдобри спецификации за цената по која се продаваа, но корејскиот производител мораше да ја промени филозофијата поради големата конкуренција.

„„Note“ затоа сега доаѓа со подобрено „S“ пенкало, систем за отклучување со скенирање на окото и дизајн кој друи и „iPhone“ ќе го турне на колена“, вели екипата на еден од највлијателни магазини во светот на технологијата.

Дизајнот е прекрасен, а направен е така што уредот прикажува помал отколку што е. Сепак, 5,7-инчниот дисплеј не е мала работа. Сепак, покрај новиот „Nexus“ и последниот „iPhone“, „Note 7“ навистина изгледа „помал“

Новото „S“ пенкало нуди многу предности и опции, а отклучувањето со зеницата на окото сепак може да биде напорно и помалку смешен процес, особено ако тоа го правите во јавност.

Другите негативни работи кои со себе ги носи „Note 7“ е непотребниот „блотвер“ и превисоката цена од преку 700 евра поради која многу од купувачите со не така длабок џеб ќе се насочат кон други производители.

Сепак, доколку навистина го посакувате последниот крик на технолгијата на „Samsung“, за само малку повеќе од парите колку што чини просечниот „Galaxy S7“, ќе добиете поголем телефон, подобар софтвер, поубав дизајн и покрај се – поголема функционалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП