19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработени на Македонска пошта помагаат во поплавените подрачја

Вработени на Македонска пошта помагаат во поплавените подрачја

posta333

Активностите на Македонска пошта за справување со последиците од невремето во скопскиот регион продолжуваат, а во саботата над 50 вработени на Македонска пошта учествуваат во расчистување на теренот и домовите на населението во настраданите подрачја.

Претходно за населението погодено од поплавите Македонска пошта донираше поголема количина на средства за лична хигиена и прехрамбени производи, соопштуваат од компанијата.

Веруваме дека преку овие активности, но и на оние што ќе следуваат, а кои ќе ги организира компанијата во соработка со Црвениот крст на Република Македонија за помош на настраданите подрачја ќе ги ублажиме последиците од невремето, за семејствата во најкраток период да ја почуствуваат топлината на своите домови, порачуваат од Македонска пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП