29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOpel планира да се прошири на пазарите во Русија и Турција

Opel планира да се прошири на пазарите во Русија и Турција

opel1

Извршниот директор на компанијата „General Motors“, Дан Акерсон изјави дека „Opel“ ќе се фокусира на пазарите во Русија и Турција, со цел да ги спречи загубите кои настануваат во Европа.

За „Opel“, Русија е многу важен пазар, нагласи Акерсон и додаде дека за неколку години рускиот пазар би можел да го надмине германскиот пазар.

Според изјавите на извршниот директор на компанијата „Opel“, Карл Томас Нојман, производителот го зголемил своето присуство на рускиот пазар речиси двојно, продавајќи 80.000 возила минатата година во овој регион.

Слична слика може да се види и во Турција во која компанијата продаде 50.000 возила минатата година. Исто така, „Opel“ своите минати модели ги пласираше и на пазарите во Сингапур, Чиле и Австралија. Компанијата најави дека ќе продолжи со својата стратегија за раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП