16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone: Азиската побарувачка ја зголеми продажбата

Danone: Азиската побарувачка ја зголеми продажбата

danone1

Францускиот прехранбен гигант „Danone“ објави дека забележал солиден раст на продажбата во претходниот квартал, благодарение на силната азиска побарувачка за детска храна, додека во Европа сеуште бележи негативен тренд.

Групата во првите три месеци од оваа година оствари органски раст од 5,6 проценти, благодарение на зголемената побарувачка за додатоците во исхраната и флашираната вода.

Вкупните приходи, вклучувајќи го и влијанието на девизните курсеви, се зголемиле за 4,3 проценти, на 5,34 милијарди долари.

Во одделот за храна за бебиња на кои отпаѓаат 22 проценти од продажбата, остварен е раст на продажбата за 17,1 процент, благодарение на силната побарувачка во азиско-пацифичкиот регион, особено во Кина.

Во Европа продажбата се намалила за 5,1 процент, особено во јужниот дел, кој е погоден од строгите мерки за штедење. Во „Danone“ предупредуваат дека очекуваат продолжување на негативниот тренд на потрошувачка во Европа и во остатокот од годината.

Меѓу главните прехранбени производители „Danone“ е најмногу изложен на должничката криза во еврозоната.

Компанијата најави дека ќе укине околу 900 работни места поради кризата во јужна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП