28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

aerodrom

Во текот на март 2013 година е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава. На двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24,3 проценти во однос на истиот месец минатата година.

– На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на март 2013 година биле превезени 68.434 патници, што претставува пораст од 21,9 проценти во однос на бројот на патници во истиот период во 2012 година. Исто така, пораст на бројот на патници минатиот месец е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде биле превезени 3.164 патници, што е зголемување за 120 проценти во однос на истиот период претходната година кога имало 1.148 патници, се вели во денешното соопштение од Министерството за транспорт и врски.

Во него се додава дека по реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, се истакнува во соопштението, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП