19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвид Ли две години во Сан Антонио

Дејвид Ли две години во Сан Антонио

david-lee

Искусниот крилен центар Дејвид Ли (33) потпиша договор со Сан Антонио. Поранешниот Ол стар играч со Спарси договорил двегодишна соработка вредна 3,2 милиони долари.

Дејвид Ли во кариерата играл за Њујорк, Голден Стејт, Бостон и Далас каде ги мина последните три месеци од минатата сезона. Во НБА лигата неговиот просек изнесува 14,2 поени и 9,2 скока по натпревар.

Ли беше еден од најдобрите играчи на Голден Стејт, но во 2014 година доживеа тешка повреда, а неговото место во тимот го зазеде Дрејмонд Грин. Ли беше дел од тимот кој во 2015 година ја освои шампионската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП