18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДржавниот архив со изложба во возот Скопје –Битола за 8-ми Септември

Државниот архив со изложба во возот Скопје –Битола за 8-ми Септември

voz8s

Државниот архив на Република Македонија по повод 8. Септември – Денот на независноста на РМ подготвува изложба во воз со која ќе се одбележи 25-годишниот јубилеј и ќе се презентираат значајни документи и фотографии што се чуваат во нивното депо.

„За да ја доближиме изложбата до граѓаните и до сите заинтересирани, во соработка со Македонски железници транспорт АД Скопје, организираме патувачка изложба под мотото „Патување кон независноста“, велат од Државниот архив.

Прикажаните материјали ќе го опфатат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8 Септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ.

Изложбата ќе се промовира во патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Битола – Скопје, со поаѓање на ден 29 јули 2016 година во 14.30 часот односно на Железничката станица во Скопје во 14 часот.

Брендираната гарнитура ќе сообраќа на оваа релација од 29 јули до 8 септември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП