28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNissan отвора фабрика на Infiniti во САД

Nissan отвора фабрика на Infiniti во САД

infifititi

„Nissan“ планира да гради фабрика на „Infiniti“ во Северна Америка како дел од планот на компанијата да произведува годишно по 100.000 возила. Според претседателот на „Infiniti motor Co“, Јохан де Нишен од 2017-та година тие ќе започнат со производство на автомобили во САД.

Компанијата сака производството на возилата на „Infiniti“ во целост да го пресели од Јапонија, па така различни модели на автомобили на овој јапонски бренд ќе се произведуваат во различни фабрики ширум светот. Во мај минатата година од „Infiniti“ најавија стратегија според која компанијата ќе произведува два модели за кинескиот пазар во собработка со „Dongfeng Motor“.

Премиум компактните модели ќе се произведуваат во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд. Оваа компанија е меѓу најагресивните од сите јапонски производители на возила во идеата да го пресели своето производство надвор од Јапонија, а еднинствена причина за овој чекор е компанијата да не биде ранлива поради јапонската валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП