20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со солидна добивка за првите шест месеци од годината

Комерцијална банка со солидна добивка за првите шест месеци од годината

kb

1. Биланс на успех

Во периодот од 01.01-30.06.2016 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 201,3 милиони денари наспроти остварениот негативен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 181,4 милиони денари.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 13,2% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата, зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки од продажба на средства и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи.

Позитивно влијание врз финансискиот резултат во извештајниот период има намалувањето на исправката на вредност на корпоративните кредити, како и намалувањето на загубата за оштетување на преземениот имот евидентирана согласно регулативата.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.267,8 милиони денари и бележат пораст од 6,5% во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2016 година истите бележат зголемување од 3,7% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 99,5%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2016 година изнесуваат 419,7 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат намалување од 5,4%. Планот за анализираниот период е исполнет со 92,8%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2016 година изнесуваат 67.7 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 34,9%. Планот за анализираниот период е исполнет со 124,2%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2016 година изнесуваат 207,2 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 71,5% како резултат на зголемениот износ на реализирани капитални добивки од продажба на преземен имот и наплатени претходно отпишани побарувања од кредити (тужени). Планот за анализираниот период е исполнет со 98%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2016 година изнесуваат 844,9 милиони денари и се намалени за 3,2% главно како резултат на намалени амортизација, материјални трошоци и административни и трошоци за маркетинг. Планот за анализираниот период е исполнет со 94,6%.

Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец јуни изнесуваат 139 милиони денари и се намалени за 60% во однос на истиот период од минатата година.

Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.06.2016 година достигна износ од 1.082 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи намалување од 0,7%.

2. Биланс на состојба

Вкупната актива на Банката на 30.06.2016 година достигна износ од 93.504,5 милиони денари и во однос на декември 2015 година бележи намалување од 3,7%. Намалувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на намалувањето на паричните средства и парични еквиваленти и кредити на други комитенти. Планот е остварен со 94,4%.

Паричните средства и парични еквиваленти бележат намалување од 6,7% и реализација на Планот од 89,6%.

Кредитите на други комитенти како ставка со најголемо учество од 50% во активата на Банката се намалени за 1,8%. Планот е исполнет со 97,3%.

Намалувањето на преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања од 34,1% во однос на декември 2015 година е резултат на евидентирано оштетување на затекнатиот преземен имот согласно регулативата.

Намалувањето на недвижностите, опремата и нематеријалните средства е резултат на пресметана амортизација.Планот е остварен со 96,9%.

Средствата за тргување бележат пораст од 3,1% во однос на декември 2015 година. Планот е остварен со 102,7%.

Кредитите на банки бележат зголемување за 3,6% и реализација на Планот од 96,5%. На страната на изворите на средства намалувањето произлегува во најголем дел од намалените депозити на комитенти за околу 3,3 милиони денари или 3,8%, главно поради наглото повлекување на депозитите на население во периодот април-мај 2016 година како резултат на политичката криза во Република Македонија. Планот е остварен со 94,1%.

Резервите на Банката со состојба 30.06.2016 година бележат пораст од 3,7% како резултат на распределба на дел од добивката за 2015 година во резерви, со што Банката континуирано продолжува со зголемување на вредноста на капиталот и зајакнување на капиталната позиција. Планот е остварен со 97,9%.

3. Очекувања за претстојниот период

И покрај сеуште високата неизвесност, се очекува макроекономскиот амбиент во Република Македонија во 2016 година да остане стабилен и насочен кон остварување на побрз економски раст и зголемување на неговата одржливост.

Банката ќе ги презема сите неопходни активности за остварување на зацртаните цели и задачи во рамки на Програмата на мерки и активности на деловната политика за 2016 година, при што ќе биде фокусирана пред се’ на подобрување на квалитетот на портфолиото. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде умерен во делот на кредитирање на нефинансиски правни лица, како и делот на кредитирање на население согласно новодонесената регулатива од страна на НБРМ, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Исто така не се планирани значителни промени во структурата на изворите на финансирање, така што депозитите на нефинасискиот сектор и натаму остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

Во текот на 2016 година ќе се продолжи со дополнителни активности за дорезервирање на кредитните изложености кон клиенти кај кои во изминатите години се забележани 3 трендови на влошување на финансиската состојба и нередовност во измирувањето на обврските, понатамошно оштетување на преземениот имот согласно регулативата на НБРМ и целосно усогласување со регулаторните лимити.

4. Известување за промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Во првото полугодие од 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

5. Исплатени дивиденди

Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2015 година и Одлуката за утврдување датуми при исплата на дивидендата за 2015 година, во првото полугодие од 2016 година Банката изврши исплата на дивиденда на акционерите иматели на обични акции во вкупен износ од 284.883 илјади денари од кои на правни лица 177.668 илјади денари и на физички лица 107.215 илјади денари, при што дивидендата изнесуваше 125 денари по акција.

6. Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата во првото полугодие од 2016 година бележат намалување од 2% во однос на декември 2015 година, главно како резултат на пресметана амортизација.

7. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30%)

Во првото полугодие од 2016 година обврските по кредити (кредити од кредитните линии на ЕИБ, Италијанската кредитна линија, Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд и Фондот за социјален развој) бележат намалување од 14,3% во однос на 2015 година, главно како резултат на повисокиот износ на редовна отплата на обврските по кредити во однос на износот на новите повлекувања по договорите за кредит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП