20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLloyds Bank затвора 200 филијали, откази за уште 3.000 лица

Lloyds Bank затвора 200 филијали, откази за уште 3.000 лица

lloyds-bank-CC

Британската банка „Lloyds Bank“ ќе укине уште 3.000 работни места и ќе затвори 200 филијали до крајот на 2017 година.

Тоа, како што оценува агенцијата АП е прво големо отпуштање откако Британија минатиот месец гласаше за излез од Европската унија.

Со тоа вкупниот број на угасени работни места во рамките на програмата на „Lloyds“ за реструктуирање на работењето, најавена во 2014 година, порасна на 12.000 позиции, пренесува агенцијата Франс прес.

„Поради промена на навиките на клиентите и очекуваното намалување на каматните стапки, обемот на програмата за реструктуирање е сега прошиерн и подразбира затворање на дополнителни 200 филијали и отпуштање на уште 3.000 вработени до крајот на 2017 година“, се наведува во соопштението на „Lloyds Banking Group“

„Lloyds“ која речиси целосно се врати во рацете на приватниот сектор по добивањето на државниот пакет помош во текот на финансиската криза од 2008 година, исто така ја зголеми и целта за намалуавање на трошоците, на 1,4 милијарди фунти од 1,0 милијарди фунти.

Нето профитот на „Lloyds“ во првата половина од тековната година е двојно зголемен на 1,3 милијарди фунти (1,5 милијарди долари), но банката предупреди на можно негативно влијание од Брегзит.

Слабите економски показатели, како што наведува агенцијата АП, би требало да извршат притисок на централната банка на Англија наредната недела да ја намали каматната стапка или да „вбризга“ дополнителни потикнувања во економијата.

Ниските каматни стапки негативно влијаат на банките бидејќи ја намалуваат нивната профитна маргина, што ќе биде проблем за банките како што е „Lloyds“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП