19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната изненади, а никој не очекуваше

Еврозоната изненади, а никој не очекуваше

5849166335766562e1391a360632613_w640

Економската доверба во еврозоната во месец јули неочекувано се подобри, што укажува на пригушено директно влијание на Брегзит по економскиот раст, јавува агенцијата Блумберг.

Индексот на деловната и потрошувачката доверба во јули порасна на 104,6 поени од 104,4 поени во јуни, соопшти Европската комисија, додека економистите кои ги анкетираше Блумберг очекуваа пад на индексот на 103,5 поени.

Довербата порасна во речиси сите сектори, а економскиот раст на еврозоната веројатно забави на 0,3 проценти во вториот квартал од 0,6 проценти во првите три месеци оваа година, покажува анкетата на Блумберг.

Иако Меѓународниот монетарен фонд неодамна предупреди на значително зголемување на ризикот по растот на глобалната економија после Брегзит, креаторите на политиките ширум светот не потклекнаа пред таквиот вид на песимизам.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека на раните проценки за економското влијание на Брегзит треба да им се пријде со „доза на внимание“.

Европската служба за статистика Еуростат денес ќе ги објави прелиминарните податоци за БДП во еврозоната, заедно со податоците за невработеноста и инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП