24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Total во вториот квартал се намали за една третина

Профитот на Total во вториот квартал се намали за една третина

FRANCE TOTAL JOBS

Профитабилноста на француската нафтена компанија „Total SA“ се намали во текот на вториот квартал во позадина на намалените приходи од рафинираните производи и петрохемиските фабрики, како и трајно ниската цена на нафтата.

Нето профит забележа пад за 30% до 2,09 милијарди долари во вториот квартал од годината во однос на истиот период од минатата година, додека приходите се намалуваат за 17% до 37,22 милијарди долари.

Приспособената нето добивка на компанијата спрема еднократните ефекти се намалува до 2,17 милијарди долари од 3,09 милијарди долари во истиот период од минатата година.

Приспособениот профит е поголем во споредба со просечната прогноза на 11 аналитичари за 1,89 милијарди долари.

И покрај напорите за намалување на трошоците и зголемување на приходите, профитабилноста на „Total“ постојано се намалува, откако цените на нафтата почнаа да паѓаат во средината на 2014-та година.

Компанијата сепак успева да се заштити од премногу остриот пад во црвена територија благодарение на поволните услови на пазарот за рафинирани производи, кои се влошија во текот на оваа година.

Независно од слабите податоци за последните три месеци француската компанија останува оптимист, откако цените на нафтата се зголемија во вториот квартал во однос на претходниот.

„Total“ очекува да ги скрати трошоците за повеќе од првично објавените 2,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП