19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги проширува проверките на перење пари во секторот на недвижностите

САД ги проширува проверките на перење пари во секторот на недвижностите

Manhattan333

Министерството за финансии на САД ја проширува истрагата за меѓународни криминални шеми во секторот на недвижностите, пренесува „Ројтерс“.

Шемата беше воведена во мај оваа година и во моментов опфаќа некои делови на Калифорнија, Тексас, Флорида и Њујорк. Сега таа се воведува во уште неколку десетици региони во различни држави.

Правилата предвидуваат банките да ги идентификуваат вистинските сопственици на компаниите, со кои работат, вклучувајќи и при купување на имот, за да се минимизираат ризиците од перење пари.

Програмата е насочена најмногу кон пронаоѓање на „шупливи“ фирми со кои се купуваат луксузни имоти во Менхетен, Мајами, Палм Бич и на други места со цел избегнување на даноци.

Освен што ќе се идентификуваат осомничени потенцијални илегални активности и ќе разменуваат информации со локалните органи за спроведување на законот, собраните податоци ќе се искористат за воведување на идната регулација.

Клучна улога во процесот е доделена и на осигурителните компании, потсетува новинската агенција.

На проверка се трансакциите со имот во вредност од над 3 милиони долари во Менхетен и 1,5 милиони долари во околните населби на Њујорк. Прагот во Флорида е 1 милион долари, во Калифорнија – 2 милиони долари, а во Тексас – 500 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП