19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија со предност од два гола против Млада Болеслав (видео)

Шкендија со предност од два гола против Млада Болеслав (видео)

схкендос

Фудбалерите на Шкендија се на добар пат да изборат пласман во плејофот во Лига Европа, откако во првиот меч од третото коло славеа во дуелот со Млада Болеслав 2-0 (0-0).

Шкендија во дуелот со чешкиот преставник максимално ја искористи предноста од играч повеќе и со два гола обезбеди мирен реванш.

Млада Болеслав во 52.минута остана со играч помалку, бидејќи исклучен беше Хулка, а потоа Шкендија постигна два гола, преку Жуниор во 68-та и Хасани во 75-та минута.

„Интересен натпревар со многу шанси. Млада Болеслав беше подобар тим во првото полувреме, а најсилна алка во тимот беше нивниот тренер. Ние во првиот дел направивме неколку грешки, но се поправивме во второто полувреме, целосно доминиравме, особено по црвениот картон на гостите. Стекнавме предност, но во Чешка ќе треба да ја повториме играта од второто полувреме за да обезбедиме пласман во наредното коло, бидејќи Млада Болеслав е квалитетен тим“, изјави по мечот тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ.

Реваншот помеѓу Млада Болеслав и Шкендија ќе се одигра за една недела во Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП