24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКалуѓерица и Воиславци конечно ќе го решат деценискиот проблем

Калуѓерица и Воиславци конечно ќе го решат деценискиот проблем

kalu555

До крајот на август ќе бидат завршени двата капитални проекти важни за жителите на населените места Калуѓерица и Воиславци, порача во четвртокот градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов.

Градоначалникот направи увид на она што досега е реализирано на проектите за изградба на канализациoните мрежи во населените места Калуѓерица и Воиславци.

„До крајот на август ќе биде целосно завршена реализацијата на проектите за изградба на канализационите мрежи во селата Калуѓерица и Воиславци. Инвестиција од околу 900 илјади евра. Овие средства се обезбедени од министерството за транспорт и врски и од Владата, при што во оваа прилика јавно им се заблагодарувам за целокупната поддршка и финансирањето на овие проекти кој се од витално значење за жителите од населените места Калуѓерица и Воиславци“, истакна Николов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП