19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарното поевтинува за 11 отсто

Парното поевтинува за 11 отсто

parno 0303

Корисниците на топлинска енергија во Скопје од парно, ќе плаќаат пониска цена за околу 11 отсто, одлучи регулаторната комисија за енергетика.

„Крајните цени кај сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија од страна на операторите Балкан Енерџи, значи производство, дистрибуција и снабдување, ќе имаат намалување на цените кај домаќинствата за 10,93 отсто, кај потрошувачите од тарифната категорија образование минус 40,62 отсто, и кај останатите категории останатите потрошувачи ќе биде намалувањето минус 28,74 проценти“, рече претседателот ан Регулаторна комисја Димитар Петров.

Тој додаде дека и надоместокот за фиксниот дел за домаќинствата се намалува за минус 2,67 отсто, а  сите симулации ги прават за станови во просек од 50 метри квадратни.

Петров рече дека кај корисниците на топлинска енергија од Скопје Север намалувањето е 4 отсто и кај домаќинства и останати.

Кај ЕЛЕМ енергетика, домаќинствата имаат намалување од 11,59 отсто, училиштата 1,49 и деловните субјекти 3 отсто.

Ислучените корисници на парно ќе имаат пониски сметки за 2,67 отсто, односно наместо 546 денари како досега ќе плаќаат 532 денара.

„Драстично намалената цена на природниот гас и намалените оперативни трошоци на компаниите се клучните причини за поевтинувањето на парното“, нагласи Петров.

Според пресметките, со сегашното намалување на цената, сметките за парно за стан од 50 метри квадратни ќе изнесуваат 20.815 денари на годишно ниво, наместо 23.638 денари.

Претседателот на РКЕ информира дека порамнувањето на сметките веќе нема да биде два пати годишно, туку само еднаш во мај, јуни и јули. Веќе нема да има декемвриско порамнување.

Парно греење најмногу дистрибуира БЕГ на околу 46 илјади корисници, потоа ЕЛЕМ Енергетика на 3.500 и Скопје-Север на 300 потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП