16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на туристи во Турција се намали за рекордни 41% во јуни

Бројот на туристи во Турција се намали за рекордни 41% во јуни

tur tur

Бројот на странските туристи во Турција во јуни падна нагло за 40,9 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, бројот на Русите е намален за 93%, а на Германците за 38%, пренесуваат локалните медиуми.

Туристичкиот сектор во Турција беше силно погоден од стравувањата од тероризам, политичката нестабилност во земјата и светските потреси. Неуспешниот обид за преврат во овој месец веројатно ќе придонесе уште повеќе за загубите во туризмот.

Во 11 последователни месеци е забележано постојано и значително намалување на бројот на туристите според податоците на Министерството за туризам. Процентите на пад на бројот на посетителите од земјите со најсилни економии во светот – од Европа до САД и Јапонија – се двоцифрени во јуни – најлошиот месец, откако во мај бројот на туристите е намален за речиси 35 отсто, а во април за околу 28%.

Бројот на руските туристи се намали драстично, откако турските сили соборија руски авион во близина на границата со Сирија кон крајот на минатата година. Неодамна двете земји имаа официјална средба и Москва ја укина забраната за чартер летови до Турција.

Серијата самоубиствени напади во Турција во оваа година, особено оние во туристичките области на Истанбул, беа една од главните причини туристите да ја избегнуваат Турција. Обновениот конфликт со Курдите во југоисточните региони на земјата, исто така, предизвикува загриженост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП