19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеро Антиќ доби двајца нови соиграчи

Перо Антиќ доби двајца нови соиграчи

перо-тим

Европскиот вицепрвак Фенербахче, тим за кој настапува Перо Антиќ, во четвртокот потпиша договори со двајца нови кошаркари.

Во новата сезона жолто-синиот дрес ќе го носат Џејмс Нулани и Ахмет Девериоглу.

Џејмс Нулани (26 г., 201 см), минатата сезона играше во Авелино и беше МВП во италијанското првенство. Нулани во просек по натпревар бележел 18,4 поени, 4,2 скока и 2,5 асистенции.

Ахмет Девериоглу (23 г., 209 см), во Фенербахче пристигна од редовите на големиот ривал Ефес и потпиша тригодишен договор. Минатата сезона не играше многу во тимот на Ефес, а на 10 натпревари во Евролигата остварил просек од 1,9 поени и 1,2 скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП