19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаборавете на хеликоптерските пари, ваучерите може да успеат!

Заборавете на хеликоптерските пари, ваучерите може да успеат!

capire-la-politica-monetaria

Хеликоптерските пари нема да го стимулираат економскиот раст, но бесплатните ваучери можат и да успеат, смета Кетрин Ман, главен економист на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), цитирана од „Bloomberg“.

„Хеликоптерските пари сами по себе нема да се поефикасни за промовирање на економскиот раст отколку мерките кои централните банки веќе ги применуваат“, вели Ман во интервју за телевизијата. „Како штедачи вие само ќе ги стопирате овие хеликоптерски пари и ќе ги ставите под „душек“, како што сте правеле и со останатите средства. Но пак за хеликоптерски ваучери може да се зборува, бидејќи практично треба да ги потрошите тие пари“, додава таа.

Централните банки се на пат да ги исцрпат постоечките неконвенционални алатки и идејата за хеликоптерските пари веќе се споменува од голем број економисти. Многумина претставници на регулаторите, сепак ги негираат. Гувернерот на Јапонската централна банка Харухико Курода пример, рече дека тоа не е ниту потребно, ниту можна мерка.

„Bloomberg“ наведува дека идејата претставува спојување на фискалната и монетарната политика. При финансиски тешкотии, владите ги продаваат краткорочни обврзници директно на централната банка во замена на свежо печатени пари кои се инјектираат директно во економијата во форма на даночни олеснувања или расходни програми. Вообичаените посредници – банките – се прескокнуваат.

Осум години по глобалната финансиска криза, економскиот раст останува потиснат во голем број делови од светот, а ММФ прогнозира глобален раст од само 3,1% во оваа година. Бавното закрепнување не успева да внесе доволно доверба кај потрошувачите и бизнисите и тоа ги тера и двете страни да се воздржат при трошоците.

„Не можеме да продолжиме со овој низок номинален раст на БДП-то“, вели Кетрин Ман. „Во квалитетот на носителите на одлуки и на политичарите мора да признаеме дека имаме алатките и дека е наша одговорност, затоа што во спротивно младите луѓе нема да имаат работа и подобра иднина, а што се однесува до возрасните – нема да можеме да ги плаќаме нивните пензии“, додава таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП