Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија се појави во Aspire Magazine, специјалното издание на Travel Weekly за луксузен туризам.
Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, даде интервју за овој магазин, потенцирајќи ги природните убавини на Македонија и потенцијалите со кои располага за овој вид на туризам.
Поради покажаниот интерес од британската публика, Агенцијата за промоција и поддршка на туризам оваа година во ноември ќе учествува на Aspire Forum, организиран од Travel Weekly Group, каде ќе се остварат средби со над 50 тур-оператори пред кои ќе биде презентирана туристичката понуда за луксузен туризам.