20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата и натаму на најниско ниво во последните три месеци

Цените на нафтата и натаму на најниско ниво во последните три месеци

nafta33

Цените на барел сирова нафта на лондонската берза падна за 10 центи, на 43,37 долари, додека на американскиот пазар остана речиси непроменета на 41,92 долари.

На обете берзи цените во среда паднаа на најниските нивоа во последните три месеца откако податоците на американската влада покажаа неочекуван раст на резервите на сирова нафта и бензин. Растот на резервите претставува дополнителен товар за глобалниот пазар кој е веќе презаситен од рафинирани производи во време кога заради забавување на растот на економијата, слабее побарувачката за ‘црното злато’.

„Американските комерцијални резерви се добар показател за преголемата понуда на глобалниот нафтен пазар“, вели Тамас Варга, аналитичар во лондонската компанија PVM Oil Associates.

Тој додаде дека рекордно високите резерви и преголемата понуда би можеле да ги спуштат цените на околу 30 долари за барел пред повторно да закрепнат.

„А би можеле да видиме и корекција кон горе пред повторното спуштање на пониските нивоа“, рече Варга.

Нафтениот пазар се мачи со преголемата понуда во последните две години, со пад на цените за дури 70 отсто меѓу 2014 и почетокот на 2016 година, кога цените во Лондон го допреа највисокото ниво за 13 години, околу 27 долари за барел.

Цените од тогаш делумно закрепнаа, но и натаму останаа ниски, па нафтените компании информираат за слаби деловни резултати.

Така Royal Dutch Shell во четврток извести за пад на тримесечната добивка за преку 70 отсто на годишно ниво заради ниските цени на нафтата и гасот, кои ги намалија приходите. Нето добивката на Shell изнесуваше во второто тромесечје една милијарда долари, додека пред една година беше 3,8 милијарди долари.

„Пониските цени на нафтата и натаму претставуваат предизвик за работењето, посебно во производството“, рече Бен ван Борден, директор на Shell.

Извршниот директор на компанијата Sun Global Investments, Михир Кападиа, рече дека цените сѐ уште се под притисок заради преголемата понуда, и падот на побарувачката на клучните меѓународни пазари.

Во својот извештај ОПЕК соопшти дека референтната цена на нејзината нафта во среда изнесуваше 40,49 долари, што значи дека паднала за 13 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП