29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСампаоли прв избор за селектор на Аргентина

Сампаоли прв избор за селектор на Аргентина

sampoli

Тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли, ги известил челниците на клубот дека сака да стане селектор на Аргентина, изјавил неговиот адвокат Фернандо Баредес.

Сампаоли, кој во 2015 година на Чиле му ја донесе првата титула на Копа Америка, пред еден месец беше промофиран во тренер на Севилја, откако од клубот замина Унаи Емери.

Веднаш по преземањето на тренерската функција во Севилја шпанските медиуми започнаа да шпекулираат дека тој ќе поднесе оставка и ќе се врати во татковината за да стане селектор на репрезентацијата.

„Севилја не сака Сампаоли да работи на две места. Сѐ уште не сме контактирале со првиот човек на Фудбалската федерација на Аргентина, Армандо Перес, но имаме контакти со неговите блиски соработници. Тешко дека Аргентинците ќе можат да ја обештетат Севилја, но Сампаоли има голема желба да замине“, изјавил за весникот AS Баредес.

Овие зборови на адвокатот Баредес ги негира спортскиот директор на Севилја Рамон Мончи, кој истакна дека Сампаоли целосно им се посветил на своите обврски.

„Горди сме што нашиот тренер се поврзува со клупата на Аргентина, но Сампаоли има потпишано договор со нас. Разговарав со него, целосно е фокусиран на работата“, рекол Мончи.

Од доаѓањето на Сампаоли во Севилја пристигнаа шестмина нови фудбалери: Франко Васкез, Хироши Кијотаке, Хоакин Кореа, Пабло Сарабија, Паоло Гансо и Матијас Краневитер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП