25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMotorola нема да ги обновува телефоните секој месец

Motorola нема да ги обновува телефоните секој месец

motorola-droid-turbo-camera222

Од пред извесно време некои од водечките производители на смартфони се трудат да пласираат надградби за „Android“ за новите телефони секој месец. „Motorola“ сепак нема да биде меѓу нив, соопштува интернет изданието „Ars technica“.

Наместо тоа компанијата ќе користи флексибилен распоред. Таа ветува дека ќе биде во тек со ажурирања што е можно побрзо, а и кога е потребно.

„Сепак се потребни многу тестови и одобренија, за да може секоја обнова да биде пуштена. Тешко е да го правиме тоа на месечна основа за сите наши уреди. Често е ефикасно да собереме потребните ажурирања на безбедноста во поголема обнова или дури надградба на оперативниот систем“, коментираат од компанијата.

Во моментов, „Google“, „Samsung“, „LG“ и „BlackBerry“ го следат месечниот распоред. „HTC“ смета дека таа цел е нереална, како и „Motorola“. Двете компании ќе продолжат да пуштаат надградби, но што е можно побрзо според сопствените можности. Ако тие брзо комуницираат со корисниците и им даваат јасни рокови и информации кога ќе се подготвени со обновувањата и ги почитуваат, тоа не би требало да биде дури таков проблем. За жал често производителите не успеваат да ги запазат роковите, со што си го навлекуваат гневот на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП