20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 знаци дека ќе бидетe отпуштени

7 знаци дека ќе бидетe отпуштени

fired-

Ретко кој отказ доаѓа неочекувано, одеднаш или ненајавено. Обично долго се подготвува, или барем некое време, а на тоа укажуваат знаците, кои можеби не ги забележуваме.

Како што пишува авторот на сајтот Inc.com, Крис Деси, отказот е она што го „турнало“ во претприемачките води и сега тој има успешна маркетинг агенција. „Тоа е една од најдобрите работи кои ми се случиле“, вели Деси.

Ова се знаците кои говорат дека можеби ви се подготвува отказ:

1. Не ве повикуваат на состаноците на кои вие досега постојано бевте присутни.

2. Не сте избрани да ја претставувате компанијата во јавноста. Ниту пак некој ве претставува како дел од компанијата.

3. Ве замолиле да им се обраќате по писмен пат. Писмено ви задаваат задачи, и писмено треба да одговарате на нив, нема подобар доказ од писмениот доказ.

4. Во компанијата сте помалку од една година а се чувствувате како сеуште да сте почетник.

5. Добивате лоши критики иако мислите дека одлично сте се покажале.

6. Вашата работа се движи од тешка до невозможна, некој намерно ви го прави тоа.

7. Вие сте последниот човек кој останал во тој оддел, иако претходно тој оддел броел повеќе лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП