19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai подготвува нов водороден модел

Hyundai подготвува нов водороден модел

vod hy

Корејската марка „Hyundai“ официјално ги објави своите намери да претстави нов автомобил, придвижуван со водородни ќелии, за време на зимските олимписки игри во Пјонгјанг во 2018-та година.

Како што објави „Automotive News“, новиот водороден модел на „Hyundai“ повторно ќе биде кросовер, како и неговиот претходник „Hyundai Tucson Fuel Cell“. Од компанијата тврдат дека машината ќе биде нешто помеѓу спортски градски автомобил и теренец.

Разликите со неговиот претходник ќе се во големината на блокот со горивните ќелии, кој веќе ќе е покомпактен. Исто така машината ќе добие батерии со зголемен капацитет, како и помоќен електромотор.

vod hy1

Предвидено е новиот водороден автомобил на „Hyundai“ да може да поминува околу 800 километри со едно полнење. За споредба сегашниот „Tucson Fuel Cell“ има километража од 427 километри.

Покрај „Hyundai“ и другиот голем корејски производител – „Kia“, исто така, ги најави плановите до 2020-та година да пушти на пазарот возило кое како гориво користи водород.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП