29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобеди на Челзи, ПСЖ и Милан (видео)

Победи на Челзи, ПСЖ и Милан (видео)

фудбо---

Челзи, ПСЖ и Милан забележаа победи во подготвителните средби против Ливерпул, Реал односно Баерн, одиграни во САД.

Челзи минимално славеше над Ливерпул (1-0). Стрелец на голот беше Кејхил во десеттата минута. Мечот се одигра во Пасадена, а мина во знакот на повредата на новата аквизиција на Ливерпул, Марко Грујиќ. Младиот српски репрезентативец во финишот на првиот дел по сударот со главите, со Траоре, на полувремрто останал во соблекувалната, а потоа завршил и в болница.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на новинарите им рекол дека Грујиќ во еден момент не се сеќавал на ништо.

Челзи и Реал својот меч го одиграа во Колумбус (Охајо). Францускиот првак победи 3-1, а сите голови беа постигнати во првото полувреме. Иконе погоди во првата минута за ПСЖ, потоа Мение со два гола зголеми на 3-0, а Марсело од пенал во финишот на полувремето го постави конечниот резултат.

Милан и Баерн одиграа 3-3 на Солџер Хил, а по изведувањето на пенали победа му припадна на италијанскиот тим. Нијанг погоди за предност на Милан, а потоа Рибери и Алаба направија пресврт. Предноста на Милан му ја вратија Бертолачи и Куцка, а Рибери во последната минути обезбеди пенали.

Во пенал серијата погодуваа Хонда, Лам, Матри, Алаба, Куцка, Бернат, Ромањоли, потоа промаши Рафиња, Бонавентура му ја донесе победата на Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП